Шефот на државата и Филипче се скараа (видео)

Војна на зборови помеѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче откако Пендаровски денеска по седницата на Советот за безбедност изјави дека срам за Македонија е што илјадници граѓани минатата недела се вакцинираа во соседна Србија.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски. Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки на вакцините. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“ – напиша Венко Филипче министер за здравство.

По ваквата реакција на Филипче експресно следеше контрареакција од кабинетот на претседателот Пендаровски. 

„Претседателот во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење. Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени токму преку Кабинетот на претседателот.“ – се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

А по денешниот состанок, Советот за безбедност побара државата да ги искористи сите расположиви ресурси за да им се даде соодветна здравствена заштита на заболените од КОВИД-19, како и да направи се’ да спроведе масовен процес на имунизација на населението. Доколку имунизацијата не се спроведе беспрекорно, претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека ќе посочи на конкретна одговорност.

Тој упати личен апел до приватните болници да ја разгледаат можноста да се откажат од профитот за да ги направат нивните услуги подостапни за граѓаните. 

По седницата на Советот Пендаровски соопшти дека се договориле, за да не дојде до злоупотреба на функцијата, сите политичари и фунционери да се пријават за вакцинација како секој граѓанин со што ќе дадат личен пример на одговорност а само така ќе имаат образ тоа да го бараат и од граѓаните.

Извор: 24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Разрешен директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург кој…