Седница на Советот за безбедност за продолжување на вонредната состојба

Советот за безбедност попладнево повторно ќе одржи седница кај претседателот Стево Пендаровски во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Се очекува да се расправа за барањето на Bладата за ново, трето по ред, продолжување на вонредната состојба во државата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера рече дека препораката е поради повеќе причини.

„Важно е прогласувањето на вонредната состојба бидејќи некои од мерките што ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите што важат и така натаму. Сè уште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести практично може да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.

Вонредната состојба што ја прогласи Пендаровски на 16 април истекува во сабота на полноќ. Донесувањето на оваа одлука е поврзано и со изборите за кои се планираат посебни услови за кампања и на денот на гласање.

Total
0
Shares
Поврзани објави