Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од Битолската полиција потврдуваат дека имаат таква пријава, а детали за случајот ќе објават подоцна.
Неофицијално дознаваме дека девојчето влегло да се капи во базенот кој се уште не е отворен за оваа сезона. Инаку базенот е во сопственот на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“ на кого под закуп го издала уште претходната власт на 12 април 2017 година. .
Од Јавното претпријатие „Стрежево“ изразија големо жалење за загубата на млад човечки живот.
Директорот Менде Граматковски вели дека езерото е дадено под концесија на приватната компанија „Мега Груп“ уште пред две години од претходната власт.
„Одговорноста не е наша зашто базенот е издаден под концесија и немаме обврска ние да поставуваме обезбедување. Се прашуваме зошто кога е даден базенот на приватен концесионер и таму се изведуваат активности за престојната сезона не поставиле обезбедување? Нашиот диспејџер има обврска да ја селди водата во каналот, а не и да го обезбедува езерото. По ова на детална анализа ќе подлежи договорот со концесионерот“ рече директорот Менде Граматковски.
извор: apla.mk