Се очекува извештајот на Комисијата за функционирањето на АКМИС-от

Најверојатно на почетокот на следната недела Комисијата формирана од Министерството за правда ќе го објави извештајот за функционирањето на судскиот компјутерски систем за распоредување на предмети. Комисијата која ја води судијата од Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев, на два пати изврши увид во скопска единица. Во изјава за медиумите Нанев рече дека е констатирана одредена состојба без да открие повеќе детали, но нагласувајќи дека јавноста наскоро ќе добие одговор на прашањето – што точно се случувало со компјутерскиот систем.
“Доколку имало злоупотреби или било какви одредени други дејствија кои што укажуваат на одредени кривични дела тоа не е предмет на Комисијата, туку тоа е активност на другите институции во Р. Македонија”, изјави Нанев по завршувањето на увидот.
Комисијата за прв пат во Основниот суд Скопје 1 отиде на увид минатиот четврток, еден час пред Специјалното обвинителство да влезе да изврши претрес во канцелариите на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, и уште двајца вработени во информатичкиот сектор на судот. Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека се работи за предистражна постапка поради сомнеж дека се издавале податоци за други лица во јавноста или на други заинтересирани странки, службени податоци од АКМИС- системот поврзани со случаите на СЈО но и за местење на судски предмети.
Неколку дена подоцна, судиите одржаа колегиум на кој в.д претседателот на судот Стојанче Рибарев им појаснил дека знаел дека ќе има претрес кај Панчевски. Но иако неофицијално беше најавено дека ќе има соопштение по овој состанок, сепак судиите до разрешување на постапката околу нивниот колега, одлучија да останат без изграден став.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Максим Димитриевски: Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” ќе му го вратам на Каракачанов со протесно писмо

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за…