Се бара легализација на канабисот за лична употреба

Македонски здруженија бараат да се декриминализира употребата и поседувањето канабис на лична употреба.

Филип Достовски од „Зелена алтернатива тврди дека овеќето од луѓето кои ги носат законите кај нас веќе користат канабис.

„Се случувало полицаец кој користи канабис да ме апси за канабис, тоа мора да престане. Властодршците мора да знаат дека марихуана во Македонија се користи, и тоа на ангро“, вели Достовски.

Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“ верува дека легализацијата на канабисот ќе спречи кршење на човековите права на луѓето што го употребуваат.

„Се прави голема неправда, спротивно е на принципот на владеење на право една група на луѓе која има доволно средства да го произведува и извезува да прави профит, а друга да оди во затвор“, вели Дрндаревска.

Total
0
Shares
Поврзани објави