СДСМ застана зад Зоран Заев, Црвенковски е историја

СДСМ застана зад лидерот Зоран Заев.Ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ, стои во соопштението на партијата.

„Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори“, велат во СДСМ.

Тие објаснуваат дека став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

„Обраќањето на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните. Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните“, велат во СДСМ во врска со ставот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски дека ќе го замрзне членството додека партијата не се огради од изјавите на Заев.

Според нив, стаутот на СДСМ утврдува точни демократски процедури како низ организте на партијата се спроведуваат внатрепартиските консултации, дискусии и носењето на одлуки.

„Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ. СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја. СДСМ била, е и ќе остане државотворна партија и својата државотворност секогаш ја зајакнувала во вакви исклучително важни моменти“, се истакнува во соопштението на СДСМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски,…