СДСМ: Уставниот суд го спречи обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го одбрани криминалот

Владејачката СДСМ смета дека со одлуката на Уставниот суд дека повлекувањето на аболицијата на Ѓорѓе Иванов е законска, пропаднал и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот.

Тие очекуваат предметите подигнати и водени од СЈО ќе добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.

“Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес, за кој и Европската комисија смета дека обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок“, се вели во соопштението на СДС:

Сппоред нив, актуелната влада гради држава на ред, правда и дисциплина, во која законите важат подеднакво за сите, а ВМРО-ДПМНЕ останува против правдата и на страната на криминалот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Во јуни поскапува струјата?

Се крои нова цена на електричната енергија.  Колку ќе биде зголемувањето енергетските  компании се уште калкулираат. Првиот човек…