„Саса“ ќе плати казна од најмногу 100.000 евра за истекувањето на јаловина во реката Каменица

Рудникот Саса може да биде казнет со глоба до 100 илјади евра поради истекување на јаловишен материјал во Каменичката река.

Водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (максимална Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.

Записникот за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.

Инаку, Инспекторат за животна средина извршил вонреден инспекциски надзор во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река.

Инспекторатат направил теренски увид со со фотографирање и увид во документација и констатирал излевање на три илјади метри кубни јаловишен песок во реката Каменица.

Total
0
Shares
Поврзани објави