Русковска: Пронајдовме многу важни докази a кај ќе не одведат не можам да гатам – еден осомничен побарал спогодба

Пред малку обвинителката Вилма Русковска по завршување на распитот на Јасна Мандиќ, потврди дека побарала мерка притвор, а за останатите осомничени предложено е одземање на патна исправа , забрана за напуштање живеалиште и претреси кај осомничените. Потврди дека во врска со првиот дел од истрагата еден уште веќе обвинет понудил спогодба,а од втор е најавено, но не е потврдено.

На прашање дали има информација дека еден од осомничените е неофицијално во бегство , рече дека не е информирана оти беше во истрага.

Утре таа ќе поднесе обвинение за првиот дел од истрагата, а денешната продолжува исто така утре со распит на останатите осомничени. На прашање зошто тврдеше дека нема замешан политичар Русковска појасни дека кога ја дала изјавата немало такви докази а сега има.

До тој момент немавме докази дека има вклучен политичар. По новите докази дојдовме до политичарот. Влеговме во трага на парите заради што ќе има обвинение за перење пари, изјави Русковска.

Во врска со изнесените документи за истрага во јавност таа го посочи Кривичниот суд како место од каде можело да излезат докуметите.

Одговорно тврдам документите кои излегоа во јавност не се излезени од обвинителството. На снимките копии , ние во обвинителството имаме оригинали. Копии имаме испратено до судот , изјави Русковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави