Русковска три часа ги презентираше доказите за Јанева пред Советот на јавни обвинители. Тие ги гледале и слушале снимките кои Обвинителството ги доби од пријавителот на Рекет , бизнисменот Орце камчев. Таа замина, а членовите на Советот останаа да ги разгледуваат доказите. На седницата не е присутен Јавниот обвинител Јовески.
Обвинителката Русковска демантира дека политичари биле спомнати во изјавата односно пријавата на Орце Камчев. Таа вели дека освен првата страна која е веродостојна , во изјавата е спомнат само Зоран Заев во делот каде сведокот појаснува дека му пријавил рекет.
Русковска појасни дека Луковски денес дал дополнување на претходно дадена изјава, а засега нема потреба да го повика Бојан Јовановски на распит.