Русковска ги чешла владините документи на Рашковски

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

-Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање, изјавила обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24.

Рашковски пак во нова изјава ја кани ВМРО-ДПМНЕ преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел.

-Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот, ако после сѐ може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа, изјавил Рашковски за Канал 5.

Обвинителството отвори предистрага по допрен глас за набавката на софтверот откако 360 степени објави повеќе стории за набавката за софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму тврдат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.

Total
0
Shares
Поврзани објави