Русковска: Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Катица дома

Обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави дека ќе биде спроведена финансиска истрага за судиите кои ја пуштиле Катица Јанева во домашен притвор, пренесе порталот „А1Он“.

„Решението за Јанева не сме го добиле. Ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе спроведеме финасиска истрага. Со вакви судии нема во ЕУ“, изјавила Русковска.

Катица Јанева вечерва беше спроведена од затворот Шутка во домашен притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави