Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична застапеност на Ромите во Министерство за култура.

Имено, тие добиле официјален одговор од Министерството за култура во рамки на кое се наведува дека ‘нема ниту еден вработен/а од ромската етничка припадност’ во нивното ресорно министерство.

„Денеска поднесовме претставка пред Народен Правобранител кој ја има уставната и законската легитимност ‘да презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт и јавните установи и служби’. Сметаме дека отсуството на Роми во Министерството за култура се коси со уставно загарантираното начело на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт, како и споротивност со Законот за унапредување на правата на заедниците претставени со помалку од 20%, каде што меѓу другото се бара истите да бидат соодветно и правично застапени при вработување во органите на државната власт и други јавни институции“, објаснува активистот и правник Тефик во својата објава.

Total
0
Shares
Поврзани објави