Решен проблемот со плати на пожарникарите, дел незадоволни

По исцрпните разговори кои Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија ги водеа со претставниците на Градот Скопје и на Владата, се изнајде решение за долгогодишниот проблем со покачувањето на платите на припадниците на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

На денешната средба во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда, се обелодени дека е постигнат договор со кој преку измени на правилникот за плати, основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди.

Пожарникарите, секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде соодветно платена.

Со усвојувањето на измените на правилникот уште од следниот месец треба да биде покачена основната плата на пожарникарите, а ова привремено решение ќе важи до моментот додека во Собранието не се донесе законското решение кое ќе ги регулира овие прашања долгорочно.

На денешната средба во станицата во Автокоманда присуствуваа и претставници од синдикатите на скопските пожарникари, од Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и претставник од кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Видеото е сопственост на slobodenpecat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави