репринт : Екс шефот на ДИК од СДСМ Чичаковски ќе биде судија во Управен суд , огласот скриен?

Претходниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, кој е познат по скандалот што потпиша сите членови на ДИК да земат неколку илјади евра бонуси покрај високите плати, конкурирал за управен судија. Неговото име денеска беше прочитано на седницата на Судскиот совет, како еден од купот кандидати кои положиле компјутерски вештини и може да оди понатаму во изборот.

Досие за ова инфиормираше пред неколку месеци:

Александар Чичаковски поранешниот претседател на Државната изборна комисија според извори на ДОСИЕ ќе биде судија во Управниот суд. Оваа финкција ќе ја добие како заслуга за неговите активности како претседател на ДИК кога власта требаше да ја добие СДСМ. Според добро упатени извори Чичаковски е личен избор на министерката Рената Десковска.

Но изборот не би бил чуден доколку беше јавен и транспарентен. Огласот кој е објавен неодамна иако е во тек никој на сајтот на судски совет не може да го најде. Тешко се доаѓа до линкот и со тоа огласот за двете места во Управен не е достапен за секој кој би сакал да конкурира. Се работи за две места едното за Македонец другото за Албанец. Македонското место е резервирано за Чичаковски.

Овој оглас и начинот на кој се фрла сомнеж за изборот на судии е уште една дамка во македонското судство. Се уште нема одговор зошто Амбасадорот Бејли пишуваше писма до Кривичниот суд и Судскиот совет и се жалеше дека во негово име и во име на амбасадата судии или луѓе околу нив  донесувале или нарачувале одлуки.

Total
0
Shares
Поврзани објави