Разбојници убиле жител од Инџиково пред неговата сопруга

Жител на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица.

Според првичните сознанија, убиството се случило околу полноќ кога две лица со маски на главата вооружени влегле во домот на 49-годишен жител на Инџиково, му барале пари и го убиле во ходникот на куќата.

Напаѓачите носеле маски и биле воорружени. Од МВР велат дека тие барале пари, по што го убиле мажот.

Лицата избегале во непознат правец.  Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави