Собраниската седницата за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители започна вечерва во 22 часот со отворање на расправата, но потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафер ја прекина седницата и расправата ја одложи за утре во 11 часот.

На почетокот од седницата забелешки изнесоа координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Мицевски и Јован Митровски.

Мицевски рече дека непринципиелно е да започне седница во 22 часот, а пратениците цел ден да чекаат во Собрание.

Но, Џафери одговори дека Собранието работи согласно Уствот и им порача на тие што им се спие дека може да си заминат.

Јован Митровски пак од СДСМ им упати критики на пратениците од опозицијата дека цела недела ги одлагаат расправите во комисиите.

Џафери рече дека ја одлага седницата за утре затоа што се пријавиле 30 пратеници за диксусија.

За недела во 12 часот тој ја закажа седницата на која треба да се распушти Собранието, а претходно на дневен ред на 136 та седница треба да биде и разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Инаку вечерва Џафери рече дека тој не е политичар кој се потпира на фејсбук комуникација и ги повика лидерите на партиите да се изјаснат на лидерска средба дали се за избори на 12-ти април.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство. Тој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

izvoр : radio slobodna Evropa