Полицијата трага по поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кому му бил одреден куќен притвор, неофицијално дознава 24Инфо.

Според наши сознанија, Мијалков е недостапен за полицијата, па по него е распишана потерница.

Претходно од Кривичен суд по барање на Обвинителството му определиле куќен притвор поради случајот “Таргет-Тврдина” за кој треба да има пресуда во среда.

Засега нема потврда ниту од судот или МВР.