Во Ѓорче Петров се уште се чуваат над 16 тони ракетно гориво кое порано се користело за противградобијните ракети. Овој отпад е опасен поради радиактивноста и опасноста од евентуална експлозија. НАТО побарале од домашните власти да се уништи ова гориво, но никој досега не преземал ништо за отстранување на оваа опасна материја. Од компанијата Макпетрол, во чија сопственост се просториите каде што е складиран овој вид на гориво, за Алсат М телевизија велат дека складираните материјали и припаѓаат на Владата и дека таа е надлежна за нив.
-Макпетрол е сопственик на недвижниот имот каде што се наоѓаат објектите на Темко, во кои се чуваат работи кои се во сопственост на Република Македонија.
Владата го признава постоењето на ова гориво во просториите на Темко. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека отстранувањето треба да се направи преку почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност кон јавноста.
Поврзани објави
Почина Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Скопје
Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени…
Малолетно девојче со закани принудувано на секс во Тетово – приведени 5 тинејџери и еден 18-годишник
Пет малолетни момчиња и еден 18-годишник со закани принудиле малолетничка на полови дејствија. Полицијата ги најде и ги…
Сарафов: Брзината на автобусот од несреќата на „Струма“ била несоодветна со условите на патот
Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е при крај. Се…
Пливачите топ подготвени за специјалните олимписки игри
Нашите пливачи имаа успешен настап на натпреварите од Градска лига Скопје, организирана од Градскиот пливачки сојуз. Оваа трка…