Производителите на марихуана ќе ја истурале среде центар на Скопје?! Така утрово најави еден од производителите на марихуана за медицински цели. Ова е нивна реакција бидејќи Законот за регулирање на оваа област односно извозот на цветот од овој производ кој скапува во складиштата на производителите не помина во собраниска комисија.

Со овој закон, кој опозицијата, поради неговата специфичност и задирањето во мнногу други сфери, сака да се доточни и прециира пред да се донесе, а за кој власта со сета сила притиска да се донесе, се регулирал и конопот, се регулирале многу други дејствија кои му давале на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои биле „есенцијално“ битни за да се видел бенефитот од оваа индустрија, тврди Костадин Дуковски од Макканабис за Утрински Брифинг.

На прашањето какви ќе бидат следните чекори Дуковски рече дека иако првично било на шега кажано дека ќе го истурат канабисот пред влада, сепак можно е тоа да се случи – или пред влада или пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додава производителот на марихуана.

По социјалните мрежи веќе се јавија љубителите на вариајции на производот на Дуковски, кои на шега прашуваат: „А, кога тоа ‘производителиве’ ќе ја истураат ганџата, па ај да ни тргне годинава :)“