ПРВА ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК ВО БУДНА СОСТОЈБА: Елитна оперативна постапка на екпертски тим од Клиничкиот центар на Србија врз 19-годишно момче

Експерти од Клиниката за неврохирургија и неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија извршија неколкучасовна хируршка интервенција за отстранување на бенигниот тумор на мозокот, која предизвикала епилепсија кај 19-годишно момче, Стефан Александар Кнежев. Елитната оперативна постапка српските експерти ја извеле во будна состојба, со целосна соработка на пациентот за време на операцијата, со цел да се зачуваат сите функции на мозокот. Овој терапевтски пристап, како што самите велат, бара комплексна интеракција на медицински професионалци и обемна логистика во спроведувањето и затоа претставува извонреден успех во хируршкиот третман на епилепсија.

Проф. Д-р Владимир Башчаревиќ, заменик директор на Клиниката за неврохирургија при УКЦС, кој заедно со тим експерти ја извршија неврохируршката процедура со која беше отстранет туморот на Стефан, посочи дека операцијата е шанса за голем број пациенти кои ги исполнуваат условите на ваквите постапки.

-Ова е елитна оперативна постапка што се спроведува исклучиво во најразвиените здравствени домови во претходните години, и ние сме многу горди на целиот тим што учествуваше во оваа постапка. Целта на операцијата во будна состојба е да се зачува одреден дел од мозокот задолжен за функции како што се говорот или моторните вештини, кои можат трајно да се оштетат во случај на операција со целосна анестезија Затоа во текот на постапката е потребно да се стимулира пациентот и да се разговара со него, за да можеме да ги следиме тие центри “, рече проф. Башчаревиќ и додаде дека со оваа операција шансите за целосно лекување на епилепсија се околу 80 проценти.

извор: Фактор.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави