Пациент на Косово за кој постои сомнение дека е заразен со коронавирус, бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, пренесуваат српските медиуми.

Пациентот е сместен на Клиниката за инфективни болести, а за случајот е најавена и вонредна прес-конференција која треба да се одржи наскоро.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се околу 35.000 луѓе.