Прв пациент со КОВИД-19 тргнат од респиратор, примал озонска терапија и лекот„Актерма“

37 годишен пациент со КОВИД-19 денеска  е исклучен од респиратор и дише слободно без помош на машина, потврдија за НОВА во ГОБ„„8 Септември. Тој е првиот пациент во државата кој е тргнат од респиратор и засега е стабилен. Досега ниту еден од пациентите со коронавирус кои беа на респираторна машина не преживеа.

Пациентот пред три недели бил примен во болницата „8 Септември“ во тешка здравствена состојба, а нермал претходни хронични заболувања. Тој е еден од 10 мината пациенти кои примаат терапија со озон, а прима и антивирална и антиинфламаторна терапија. Директорот Христојан Костов, за НОВА ја потврди информацијата, но рече дека се уште е рано да се прогнозира.

„Да, тој е прв пациент кој е  исклучен од респиратор, но се уште е рано да се предвидува. Болеста е непредвидлива и мораме да бидеме внимателни, не знаеме каков тек може да земе. Кај него има подобрување, добиваше озонска терапија и лекот Актерма“, изјави за НОВА, Костов.

Директорот Костов рече дека во болницата има уште еден пациент за кој се надеваат дека ќе биде тргнат од респиратор, на возраст од 58 години. На одделот за интензивна нега, на респираторни апарати во моментот се наоѓаат шест пациенти. Пет од нив добиваат терапија со озон и уште пет кои не се на апарати за дишење. Засега, велат се забележува подобрување, но се уште е рано да се каже како делува оваа и другите видови терапија, бидејќи најчесто се даваат комбинирано.

izvor: novatv.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави