Прв дознав дека Мијалков се подготвува бегство и побарав да се испита дали е тоа шпекулација

Министерот за правда Бојан Марчиќ изјави денеска дека најверојатно е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков. За тоа, како што рече, разбрал во петокот вечерта, на неформална средба со јавен обвинител, кога му било посочено оти постоја шпекулации, дури и како чаршиски муабет, дека е можно такво нешто. 

Маричиќ нагласи дека не чувствува никаква одговорност.

„Како човек што води сериозна институција, му укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот, односно тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен ниту, пак, ми го кажа обвинителот. Замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, обвинителството да ги преземе потребните мерки“,

изјави Маричиќ.

Дополни дека, колку што знае, веќе утрото, обвинителката Вилма Русковска се јавила кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кај државниот обвинител и тргнала постапката.

„Не знам што можев јас да направам повеќе од тоа во тој момент. Впрочем, дејството се случи во неделата вечер, до кога имаше доволно време да се преземат сите мерки. Министерството за правда нема под себе ниту обвинителство ниту полиција за да може да направи што било, само можам да пренесам информација“,

рече министерот за правда.

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека одговорност за случајот со Мијалков ќе има, без разлика што, со сите чекори што ги презедоа институциите, го принудиле ексдиректорот на УБК да се пријави пред правдата и да го прими решението за притвор.


Total
0
Shares
Поврзани објави