Протест во Центар – “НЕ” да се сечат дрва “НЕ” да се проширува улица

Граѓаните на Центар се организираат на протестен собир по информациите дека ќе се сечат дрвјата и ќе се проширува улицата Даме Груев.

Утре попладне во 18 часот пред познатата продавница Краш граѓаните ќе се соберат да кажат НЕ на сечењето дрва НЕ на проширување на улицата.

Пред неколку дена имаше и герила акција Стоп за сечењето на дрвјата во градот!!! веднаш по најавата на Град Скопје за проширување на улицата Даме Груев за уште 2 ленти за автомобили. За да се направи ова под закана од сечење се 20-тина дрвја од еден од најубавите дрвореди во центарот на градот!


Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…