Протест во Битола против полициска бруталност и неказнивоста

Денеска во Битола неколку невладини организации и здруженија организираа протест против полициската бруталност. Протестот започна кај поштата, каде неделава полицијата брутално претепа неколку граѓани од ромска заедница, кои во алкохолизирана состојба предизвикаа сообраќајна несреќа.

Учесниците на протестот помина по Широк Сокак и се собраа пред СВР Битола, каде извикувајќи пароли „Нема правда, нема мир“ и „Правда за Ромите“ го искажаа своето незадоволство од односот на полицијата.

Тие побараа драстични казни за полицајците кои употребија непримерна сила против граѓани, кои не даваа отпор на полицајците.

Според нив, Битола позната во светот како град на дипломатијата и културата, меѓутоа, се соочува со изразено чувство на дискриминацијата во споредба со другите градови во земјата.

Протестотот нема политичка, верска основа, ниту националана омраза и дека тој не е насочен против целата полиција, велат тие и додават дека кренале глас со цел во иднина да не се повторат вакви инциденти.

Инаку, по објавувањето на снимката на социјалните мрежи како полицајците во Битола со клоци и пендарци ги тепаат Ромите учесници во сообраќајната несреќа, односот на полицијаците наиде на остра осуда на јавноста.

Total
0
Shares
Поврзани објави