Протест на пазарџиите во Скопје- блокиран сообраќајот во Центар

Сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот кај дирекцијата на Макптерол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Повикот на Путин за дополнителна мобилизација во Русија, според шефот на државата Стево Пендаровски, може да ги влоши состојбите во Украина, но и во целиот свет

Повикот на рускиот претседател Владимир Путин за дополнителна мобилизација во Русија, според шефот на државата Стево Пендаровски, може…