Прокисна куќата на семејството Зенели – не спиеле три дена од страв да не падне кровот

Вака прокиснува во куќата на семејството Зенели од Дуќанџик во Чаир. Четирите ѕида едвај ја држат куќата која е полураспадната. Како што велат, око не склопиле веќе три ноќи од страв дождот да не им го поплави и така трошниот дом. Стравуваат дека може да дојде и до пожар, поради мокрите кабли. На таванот ставиле кеси за колку-толку да се заштитат од обилните врнежи

„И тепихот е мокар. Му го поставив овој сунѓер на син ми. Каква глетка е ова? Ми рече – мамо ме боли грбот, нозете. Тој спие тука, што да правам. Витрините се распаѓаат од дождот. Водата директно оди во штекерот. Тука врз машината капе“, вели Сабире Зенели за ТВ21.

Сабире е мајка на три деца, ќерка ѝ е омажена, а синовите работат, но парите што ги заработуваат не се доволни за да ги купат лековите. Аријан работи како обезбедување и зема 13.000 денари плата. Државна помош не добиваат.

Кај што спијам капе. Тука вчера многу протекуваше, до оваа сијалица. И сунѓерот ми накисна. Теписите се целосно мокри. Ако може некој да ни помогне, Господ да го награди“, посочи Аријан Зенели.

„Не, јас не сакам, но сум принудена да живеам вака. Многу ми е жал. Тука е распукано. Има влага бидејќи дождот влегува и тука. Целиот ѕид е со влага“.

Покрај сиромаштијата, мајка Сабире вели дека дополнителен проблем е и нејзината болест за која е потреба терапија, но нема финансии да ја набави. Потребна ѝ е операција, бидејќи ѝ е дијагностициран тумор на мозок. 

„Тука ги чувам алиштата. Не е срамота бидејќи немам каде да ги ставам. Кој може нека ни помогне. Би ми било мило ако некој да ни излезе пресрет. Кога гледам во каква состојба сме, се разболувам уште повеќе. Пијам седативи за смирување бидејќи се тресам целата“.

Хуманите луѓе им донеле брашно и храна, но нема каде да ги чува. На мајка Сабире за празникот Курбан Бајрам ѝ донеле месо, кое ќе го подготви за вечера.

„Го оставив месото да се размрзне, сега ќе им го подготвам на децата. Тие ми велат – мамо треба да јадеш, но јас им велам да не мислат на мене, да јадат тие, но тие ќе речат – ако не јадеш ти, нема да јадеме ниту ние“.

Семејството Зенели го оставивме во надеж дека хуманите луѓе ќе им подадат рака и ќе им овозможат макар ноќите да ги минуваат со помирен сон.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Максим Димитриевски: Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” ќе му го вратам на Каракачанов со протесно писмо

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за…