Комисијата за инфективни болести, прогласи епидемија на морбили на територија на целата  земја. Прогласувањето на епидемија било неопходно бидејќи претходно во шест здравствени центри било прогласено епидемија, Владимир Микиќ од Комисијата за инфективни болести.

Тој информира дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението, намалување на бројот на новозаболени и да се спречат разните потешки форми на болеста. Една од мерките е сите вработени во здравствените центри да се вакцинираат со две дози од МРП вакцината, а истото важи и за сите студенти на медицина и учениците на средните медицински училишта, кои следат пракса во здравствените центри. Наставниците и воспитувачките да се контролираат за состојбата на вакцинација.

Со оглед на тоа дека основното и средното образование и понатаму е задолжително, Комисијата и Министерството за здравство не можат да забранат прием на деца во училиште.

Најчесто децата под 5 годишна возраст се инфицирани од мали сипаници. 70 од нив се хоспитализирани, 55 во Инфективна клиника и 15 во Педијатрија.

Епидемија на мали сипаници е прогласено во Албанија, Бугарија, Србија и Грција.