Приведен кумот на Груевски, Ристо Новачевски

Кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевки е приведен за истрагата за плацевите на Водно.

Утрово по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција е приведен Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е приведен за истрагата за плацевите на Водно каде со група луѓе е осомничен за сторено кривично дело перење пари.

Обвинителството за перење пари ги сомничи и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Жител од Мешеишта до британската амбасадорка: Ќе биде нападната со огнено оружје – ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои ос…