Приведен Горан Ангелов , претседател на “Ќосето”

Полицијата утрово го приведе и Горан Ангелов претседател на здружението Ќосето. Тој како и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков и пратеникот од Охрид Љубен Арнаудов се во полициска станица и дел од нив ќе бидат спроведени пред судија од претходна постапка откако обвинителството даде налог за нивно апсење. Осомничени се за настаниет од 27 април кога во Собранието на РМ упадна голема толпа народ и се обиде да линчува неколку пратеници, а многумина беа повредени. Вратите на Парламентот беа отворени од внатре и според снимките од безбедносните камери тоа го сториле пратениците кои се осомничени од Јавното обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави