Притвор за осомничените за големиот пожар во Велес

врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.

По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените. Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина.

Основното јавно обвинителство Велес иницираше постапка за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 од Кривичниот законик во врска со член 288 (Предизвикување општа опасност).

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес достави Предлог за определување мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент. За останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

соопштение ЈО

Total
0
Shares
Поврзани објави