Претседателот Педнаровски за “Рекет”: И јас како граѓанин, а не како претседател сум разочаран

Претседателот Стево Пендаровски денеска со прес-конференција за случајот Рекет кој ја здрма македонската јавност.

– Кажав дека сум разочаран уште на почетокот, а надлежните отидоа на одмор, како да не е вонредна состојба. Снимките предизвикуваат разочарување кај сите граѓани.  И јас како граѓанин, а не како претседател сум разочаран. Свесен за мојата одговорност,барам институциите да имаат ефективно и брзо разрешување на истрагата. Ако има докази да се поднесат обвиненија против сите вмешани, без разлика дали се носители на јавни функции. Сите чии имиња се споменуваат, самоиницијативно да дадат изјави. Јавноста има право да ги знае ставовите, вели тој.

Побара медиумите да ги проверуваат информациите.

– Ќе ги употребам сите обвластувања да ги заштитам институциите од притисоци, и да ја заштитам наципналната безбедност од обидите за нарушување, вели тој.

Според него тешката ситуација е тест за државата и правдата.

– Ќе докажеме дека функционира системот. Извесно е дека се вмешани луѓе со различни профили, се слушаат гласови на бизнисмени, па и на обвинителката Јанева, се слушаат имиња на политичари. Одговорност ќе има за сите вмешани без разлика дали се политичари. Никој не смее да биде над законот, вели тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави