Праз никна во фонтаната кај ТЦ Бисер (ФОТО)

“Никна” праз во фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер, а која неодамна општината ја наполни со земја.

Фотографиите се споделуваат на социјалните мрежи и најверојатно станува збор за герила акција.

За дел од медиумите општина Аеродром појасни дека празот во земјата го ставиле активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

„По затрупувањето, фонтаната е успешно посадена со праз. Да, праз, зашто само празна глава може ова да го направи. Златко, имаш ли ти памет“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи каде што се споделуваат фотографиите од фонтаната.

Total
0
Shares
Поврзани објави