Пратениците ја избраа Кацарска за Уставен судија

Се комплетира Уставниот суд, откако Собранието попладнево, конечно, ја избра Добрила Кацарска за уставна судијка, со што завршува нејзиниот мандат како судијка во Кривичниот суд во Скопје.

Со точно 61 глас „за“, Собранието го прифати предлогот на Судскиот совет за избор на Кацарска на новата функција.

Претресот по оваа точка заврши пред неколку седмици, ама гласањето тогаш беше одложено поради немање кворум, затоа што дел пратеници од мнозинството беа во изолација.

Total
0
Shares
Поврзани објави