Позната скопска магла го отежна сообраќајот на аеродромот и енормно го загади воздухот

Маглата која заедно со загадениот воздух го покри Скопје и неговата околина, откажа дел од полетувањата и слетувања на скопскиот аеродром.

Според информациите утрово откажани се првите летови, меѓу кои и кон Белград, Виена, Загреб, како и летот кон Истанбул. Дел од летовите се пренасочуваат кон околните аеродроми, а дел се откажани и ќе се реализираат кога ќе има услови за летање. Со задоцнување, пак, беа реализирани четири летови.

Слетувањата, пак, кои требало да се реализираат во утринските часови, досега се сите откажани.

Маглата го отежнува и сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието. Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Total
0
Shares
Поврзани објави