Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас, на вонредна прес-конференција кажа дека има сериозни индиции дека катастрофалниот пожар во околината на Атина е подметнат. Овие резулатаи се и дел од истрагата соо сателитски снимки од теренот.
Бројот на починати стигна до 85, не ене е конечен оти има многу исчезнати а и идентификацијата оди споро поради тоа што јагленосаните тела се идентификуваат според ДНК од нивни роднини. Командантот на пожарникарите Сотирис Терзудис ојасни дека огнот толку брзо се проширил што пожарникарите биле немоќни. Немало време да се организира ниту евакуација, наеднаш луѓето сите почнале да бегаат и на излезот од местото настанал голем застој. Теренот преполн со куќи и доградби само ја отежнувале ситуацијата а оние кои бегале во морето многумина се задушиле од чадот. Властите признаваат дека многумина би биле спасени ако почнеле да бегаат половина час пред огнот да стане до пламени од 30 до 40 метри висина.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос дел од одговорноста за катастрофата префрли на самите граѓани тврдејќи дека голем дел од куќите во Мати биле изградени бесправно, што предизвикало гневни реакции меѓу народот.