Повторно „никна“ нелегално изградениот ѕид во Градиште

И покрај тоа што Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“, очигледно дека работите од терен се поинакви.

Од граѓанската иницијатива „Ohrid SOS“ повторно реагираат за продолжување на градежните нелегални работи.

НОВОТО НОРМАЛНО?!

Каква што е востановената практика во Општина Охрид, ако те начекаат нелегално да градиш, и евентуално се руши малку за пред камери, откако ќе помине одреден период, и очите на јавноста се вперени на друга страна, работите продолжуваат. И повторно истата состојба, фотографии од пред неколку часа, на истата локација, Градиште. Не само што не се запира, туку и се фаворизира узурпирањето. Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид е само за в канцеларија, инаку нема никакви вистински ингеренции. Зошто во тој случај ги лажете меѓународните организации, заедно со Edmond Ademi, Hristijan Gjorgievski и останатата свита, дека се прават значителни подобрувања, кога старите практики се живи и се применуваат успешно? За што служи Планот за управување со Охридскиот Регион, за да пополнува некоја полица или стои во фиока? Кога ќе започнат да се применуваат сите тие документи и акти?, пишуваат од Охрид СОС.

Локалните власти со багер и градежни работници започнаа со уривање на ѕидот, откако претходно на 24 март годинава од општината извршиле увид и составиле записник за нелегално изградениот ѕид.

Инвеститорот не ја отстранил сам градбата во законскиот рок, така што општина Охрид ја отстранува дивоградбата на сметка на изведувачот.

фото: фејсбук

Total
0
Shares
Поврзани објави