Повреденото момче во Карпош во тешка состојба

Момчето кое вчера беше нападнато во скопски Карпош е на клиниката за неврохирургија со тешка повреда на главата. Се работи за хематом кој е опасен по живот поради крварењето во главата. Момчето има 19 години.

Од болница велат дека бил примен околу 18.00 часот и дека повредите се тешки , а од МВР го потврдија неговиот идентитет. Соопштија дека се работи за 19-годишно момче.

Детали околу нападот се уште нема.

На 03.10.2019 околу17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул..„Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. (19) бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје – јавуваат од МВР.

фото: Слободен печат

Total
0
Shares
Поврзани објави