Повреден возач удрил со камион во транспортната лента за руда на Фени

Триесет и двегодишен возач синоќа со товарно возило “ман” удрил во транспортната лента за руда на “Фени”, па со телесни повреди завршил во кавадаречката болница. Портпаролот од СВР Велес соопшти дека несреќата во која возилото се превртело на коловозот, се случила на регионалниот пат Кавадарци -мотел  Дреново.

Возачот бил задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.

Извршен е увид на местото на собраќајката.

Total
0
Shares
Поврзани објави