Повреден рудар во јама на рудникот „Саса“

Во полициското одделение во Македонска Каменица вработен во рудникот „Саса“ во раните утрински часови на 28 октомври пријавил дека околу 3:30 часот во јама во рудникот при вршење работа со повреди се здобил 52-годишен рудар од Македонска Каменица.

За укажување лекарска помош тој бил препратен во болницата во Кочани.

Како што информираат од МВР, увид на местото на несреќата извршиле полицајци од Полициската станица Делчево, а за настанот известени биле и јавен обвинител и трудов инспектор од Делчево.

Надлежните органи работат на расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави