Посвежо време, со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо, со сончеви периоди претпладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Температурата ќе се движи во интервал помеѓу 23 и 29 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 26 степени.

Total
0
Shares
Поврзани објави