Поради грешна дијагноза влошено здравје на пациент

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишен доктор од овој град, кој му го влошил здравјето на пациент одредуваќи му погрешна дијагноза.

Како што информираат од МВР, пред две години во Клиничката болница во Битола, докторот постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.

Против докторот е поднесена пријава под сомнение за сторени кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Балканската музичка ѕвезда, кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, почина од компликации од ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.…