ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО МАКЕДОНИЈА

Повеќе ништо не е исто. Од утре радикално менување на нашето сејдневие. Полициски час од 21навечер до 6 утрина. Се налага ваква радикална мерка со цел спречување на корона вирусот објави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Полициски час од 21 до 6 часот;

Од 6 до 21 часот забрана за собирање во групи;

Смее да се оди само до болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица;

Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар;

И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ;

Се ограничува број на дежурни аптеки;

Такси компаниите да имаат ограничн број возила за дежурства;

Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот;

Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.

Total
0
Shares
Поврзани објави