Полициска акција во Арачиново – уапсени 8 лица, меѓу кои и полициски службеник

Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска  со недозволена трговија со оружје и дрога.

– По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.

Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени писледниов период. 

Извор: mk.tv21.tv

Total
0
Shares
Поврзани објави