Полицијата утрово ги привела опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски, уапсени вкупно 10 лица

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава Скопје1.мк од свои извори.

Апсењето на двајцата опозициски функционери, како што дознава порталот е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

КУРИР побара детали од МВР, а нивниот одговор ви го пренесуваме во целост:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес . Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали“.

извор Курир.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави