Полицијата пронашла и однела на издржување казна затвор 59 осуденици

Министерството за внатрешни работи, последните две недели, пронашла и привела 59 лица, кои иако правосилно осудени со затворска казна, одбегнувале да ја одслужат казната.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вели дека дел од осудените лица треба да издржуваат затвориски казни и до десет и нивното приведување е извршена во рамките на оперативната акција „Бегалец“

МВР, во соработка со полицијата од други земји, работи интензивно за пронаоѓање и екстрадирање на лица кои избегале, а се предмет на претрес од страна на нашите институции.

-Екстрадирано е лице од Германија кое бара затворска казна од 32 години и шест месеци. Екстрадирано е лице од Австрија кое бара затворска казна од десет години, а во текот на овој период се екстрадирани и уште неколку лица, вели Ангеловски.

Total
0
Shares
Поврзани објави