Пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир кој што утринава се случи на автопатот Велес- Скопје, пренесува Канал5 тв.

Жената по несреќата беше во кома поради тешки повреди на главата. Повредени се две други лица кои се пренесени во велешката болница.

Сообраќајот на автопатот неколку часа беше затворен за сообраќај, а според првичните информации, причини за сообраќајката е густата магла и голомразица на мостот каде се случила несреќата.

фото : kanal5TV