Почина жена прегазена на пешачки, возачот побегнал

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера попладне почина 72-годишна скопјанка со иницијали Т.С. која била донесена во болницата откако била утрината прегазена на пешачки премин на крстосница од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“ во Скопје. Полицијата трага по возилото и возачот кој ја прегазил жената.

„Од ударот Т. С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што во 15:30 часот била констатирана смрт. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот“, информираа од полицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави