Почина уште еден патник , 15-та жртва во автобусот

Еден од повредените во автобуската сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, починал во текот на ноќта. Станува збор за повозрасен маж, кој со тешки повреди бил задржан на лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Со тоа бројката на жртви се искачи на 15 лица.

Директорот на КАРИЛ, Илир Хасани изјави дека вчера биле извршени две хируршки интервенции кај 20-годишната девојка која се здоби со тешки повреди на ногата во автобуската сообраќанка несреќа, но и покрај тоа нејзината состојба е критична.

Total
0
Shares
Поврзани објави